Астрид Линдгрен
Астрид Ана Емилија Линдгрен (14 ноември 1907 година — 28 јануари 2002 година) — шведска писателка.
Животопис
Линдгрен во 1924 година
Астрид Линдгрен пораснала во Нас, во близина на Вимербју, Смајланд, Шведска, а многу од нејзините книги се засноваат на сеќавањата и пејзажите од нејзиното семејство и од детството. Таа била ќерка на Самуел Август Ериксон (1875-1969) и Хана Џонсон (1879-1961), а имала две сестри, Стина и Ингегерд, и еден брат, Гунар, кој станал член на шведскиот парламент. По завршувањето на училиштето, Линдгрен се вработила во еден локален весник во Вимберби.
Таа имала врска со главниот уредник, кој бил оженет и кој на ѝ предложил брак во 1926 година, откако таа забременила. Меѓутоа, таа ја одбила понудата и се преселила во Стокхолм, учејќи дактилографија и стенографија (подоцна, таа ги напишала повеќето свои нацрти во стенографија). Во текот на повеќе години работела како стенографистка на многу конференции и конгреси.[1] Откако го родила синот Ларс во Копенхаген, таа го оставила во згрижувачко семејство. Во 1946 година, Линдгрен станала главен уредник за детска литература во издавачката куќа „Рабен и Шогрен “ (Rabén & Sjögren) во Стокхолм.