Се вели дека во рајот постоеле две дрва – смоква и маслинка. Смоквата претставува „дрво на вистината“, а маслинката „дрво на животот“. Маслинката симболизира здравје, победа, успех, мудрост, интелигенција, чистота и многу други човекови вредонсти. Одгледувањето на маслинки во Македонија е најзастапено во крајните југоисточни предели во Дојранската Котлина, односно околината на Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија. Дојранската Кралска Маслинка е карактеристична по својата изразито црвена боја и округла форма со мала семка. Маслинките се бoгaти со железо, калциум, влakна, бакар, витамин К, витамин Е и натриум. Ако сакате да бидете убави и здрави – јадете маслинки.