Астрид Линдгрен
Астрид Ана Емилија Линдгрен (14 ноември 1907 година — 28 јануари 2002 година) — шведска писателка.
Животопис
Линдгрен во 1924 година
Астрид Линдгрен пораснала во Нас, во близина на Вимербју, Смајланд, Шведска, а многу од нејзините книги се засноваат на сеќавањата и пејзажите од нејзиното семејство и од детството. Таа била ќерка на Самуел Август Ериксон (1875-1969) и Хана Џонсон (1879-1961), а имала две сестри, Стина и Ингегерд, и еден брат, Гунар, кој станал член на шведскиот парламент. По завршувањето на училиштето, Линдгрен се вработила во еден локален весник во Вимберби.