Од смолата се произведувала карактеристична течност наречена нефт која се употребувала како народен лек за лекување на реуматски заболувања, рани и слично
Смоларењето карактеристично за Требовле, каде жителите работеле во фабриката за терпентин и калофон „Капина“ сега сместена во месност во атарот на „Јасен“. Смолата се исцедувала од стеблата на црниот бор на тој начин што се правел засек „жива рана“. Со специјален алат се лупела кората на површина се до белата дрвна маса. Потоа со смоларска секира, во облик на кука, попречно се правел прорез до сржта на стеблото во форма на кружен полумесец, се ставало парче лим во форма на чешмиче, а под него клинец на кој се прицврствува печено земјано лонче во кое се собирала смолата.
За да се наполни еден сад со смола од 250 грама биле потребни петнаесетина дена. Со посебна лажица смолата се собирала во канти, кои потоа се товарале на коњи и се носеле на преработка во фабрика. Се смоларело од март до октомври. Од смолата се произведувала карактеристична течност наречена нефт која се употребувала како народен лек за лекување на реуматски заболувања, рани и слично. Од остатоците на боровите дрвја се произведувал катран кој што, исто така, според народното уверување, има лековити својства.