Дали знаете: Од 1919 до 1966 Скопје-Охрид имало воз

Западната железничка траса Скопје – Охрид функционирала од 1919 до 1966 година. Вкупната должина изнесувала 163 km, а во периодот додека функционира на местата каде поминувала биле вкупно 201 објект, 48 мостови и 36 крстосници. Растојанието Скопје – Охрид овој воз го поминувал за околу 22 часа, со оглед на пределите низ кои минувала пругата, која што е редок инженерски потфат. Персоналот на една патничка композиција од 600 милиметарската линија се состоел од еден машиновозач, ложач и возоводач и два кочничара, додека самата композиција од локомотива, товарен вагон и четири патнички вагони. Во 1966 година е одржан референдум за укинување на “Комплексниот погон Гостивар” и ликвидација на теснолејката. Последниот воз од Охрид кон Гостивар тргна во мај 1966 година по кој пругата престанува со работа и е демонтирана.

Exit mobile version
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.