Како и каде се изработува митра?

СЕ ВЕЗЕ СО СРМА И СО ЗЛАТНИ ЖИЦИ, А ПОТОА СЕ УКРАСУВА СО ЦИРКОНИ, СО КРИСТАЛИ ИЛИ СО БИСЕРИ.

Една од главните дејности на сестрите од Рајчица, покрај секојдневното послушание, е и изработката на митри, кои во Македонија се изработуваат единствено на ова место. За неполни десет години монахињите изработиле над 270 уникатни митри, не само за сите македонски владици и епископи туку доверба ќе добијат и од епископите од Балканот, Русија, Америка. Тајната е пренесена од митрополит Геласиј, преку игуменот архимандрит Партениј, кој уште како млад имал желба да ја научи вештината. Секој детаљ од митрата си означува нешто одредено. Боите си имаат
исто така свое значење. Обично на празник на маченик се носи црвена, на Св. Богородица сина, зелената е боја на Светиот дух. Самата митра, пак, има облик на црква, чуварка на догмите, па кога самиот епископ ја носи, тој ја изразува својата улога како заштитник на единствената православна Вистина предадена во догмите. Се везе со срма и со златни жици, а потоа се украсува со циркони, со кристали или со бисери.

Exit mobile version
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.