Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на Курбиновскиот манастир, сместена над селото Курбиново, Преспа, во непосредна близина на Преспанското Езеро.

Во кругот на црквата се наоѓале старите селски гробишта на Курбиново, кои се користеле до 1921 година.[1]

Историја: Црквата е изградена во 1191 година (XII век), што се гледа од натписот над олтарот за време на владеењето на Исак II Ангел.
Црквата е сместена на 1 километар источно од селото, подигната во втората половина на XII век. Во XVII век била запуштена, а во текот на XIX век била обновена.[1]
Конзерваторските работи на архитектурата и живописот биле завршени во 1958 година.[1]